Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

14°

Временска прогноза

14° 13°19.10 / Саб
20° 15°20.10 / Нед
21° 15°21.10 / Пон
20° 14°22.10 / Вто
20° 13°23.10 / Сре
19° 12°24.10 / Чет
19° 12°25.10 / Пет

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Содржина

Содржина

Затнати цевки на тоалетите, неисправни ПП-апарати и аларм кој се вклучува без причина, се само дел од проблемите кои се појавија во новоотворената барокна зграда на Кривичниот суд, која пред само два месеци официјално беше пуштена во употреба.

Цевките во тоалетите на барокниот суд биле затнати со бетон, новата зграда речиси нефункционална - nov krivicen sud

 

Па, поради низата проблеми, наместо судиите да се преселат во новите канцеларии и судници, тие сѐ уште судат во старите, а во новата зграда засега се употребуваат само две судници.

 

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека од Министерството за правда чекаат решавање на проблемот, бидејќи зградата беше под нивна надлежност.

 

Се утврди дека цевките во тоалетот се полнети со бетон, поради што почна да се рушат дел од зидовите околу цевките. ПП-апаратите не функционираат, а сѐ уште не можеме да ја пронајдеме компанијата задолжена за нивниот сервис, истакна претседатлот Џолев.

 

Инаку, додека јавноста ги следи судењата во новата зграда, цело време ги иритира еден звук, кој доаѓа од намалениот аларм, кој без причина се вклучува, па само се намалува звукот, бидејќи и да се исклучи, повторно во секој момент може да изненади.

 

Исто така, проблем се и недоволниот број на штекери, или нивната лоша поставеност, поради што обвинителите од СЈО, за да го вклучат лаптопот, од дома си носат продолжен кабел.

 

Неодамна беше објавена и фотографија од која се гледа дека на еден од катовите е направен и балкон, но за да се излезе на него нема врата, па доколку некој сака тоа да го стори, ќе мора да скокне од прозорецот.

Коментари

Коментари

Реклама