Едукативно-забавен портал на Град Прилеп

10bez10.com

Временска прогноза

-7°16.12 / Нед
-3° -3°17.12 / Пон
-3° -5°18.12 / Вто
-3° -11°19.12 / Сре
-1° -9°20.12 / Чет
-2°21.12 / Пет
-11°22.12 / Саб

Банкометар

Банкометар

10bez10.com

Клипчина

Содржина

Содржина

Поглед кон манастирот Успенски Дивногорски и реката Дон // Историјата на првите пештерски манастири започна одамна. Во најраните денови на христијанството Римските катакомби биле користени за богослужби.

Катедралата Успенски, манастирот Успенски Дивногорски // Пештерските манастири се појавуваат во Палестина во четвртиот век пред нашата ера, но луѓе изолирани од општеството, живееле долго пред тоа.

Мистични пештерски манастири во Русија - 4

Влезот на пештерскиот храм // Руските пештерски манастири биле направени во однос на источната православна традиција. Манастирот Киево-Печерски бил основан во 11-от век, а се користел да служи како пример за другите манастири.

Подземните премини // Никој не знае точно кога се појавил манастирот на реката Дон. Според некои теории, се појавил во првите векови на христијанството. Единствениот документиран доказ е од 1653 година, кога и бил основан манастирот Успенски Дивногорски.

Претставниците на Братството // Пештерите направени во планините, на десната страна на реката Дон. Во регионот Воронеж има околу 50 пештери, 40 од нив служат за религиозни цели. Некои од пештерите имаат храмови, а некои служеле само како место за испосниците.

Влезот на храмот Јован Крстител // Максималната должина на пештери во регионот Воронеж е 2.2 километри , а висина од околу 6 метри. Денес во овој регион има три активни манастири.

Поглед на целиот манастирски комплекс: Катедралата Успенски, монашките простории и храмот Јован Крстител // Манастирот Успенски Дивногорски е лоциран во областа Лисински каде реката Тикнаја Сосна се влева во реката Дон. Манастирот е основан од страна на украински монаси во 1653 година.

Манастирскиот врв // Легендата зборува дека манастирот првично бил отворен од страна на религиозни луѓе од Сицилија, а подоцна одново отворен.

Под малите планински столбови постои храм на Јован Крстител // Овие места, исто така се познати по малите планински столбови. Природни столбови на висина од 12 метри. Овие природни атракции зборуваат за убавината во овој предел, кој е во близина на резерватот Дивногорје.

Поглед на реките Дон и Тикаја Сосна // Манастирите и околните објекти се наоѓаат на 130 километри од Воронеж.

Во просторија на испосник // Манастирот Воскресенски се наоѓа на 2,5 километри од селото Белогорије. Тоа е најголемиот пештерски манастирски комплекс на реката Дон. Изградбата започнала во 1796 година. Комплексот ги содржи испосничките простории на катедралата Александар Невски, како и бројни тунели кои се распространети на површина од 2,2 километри. Овој комплекс се наоѓа на 200 километри од Воронеж.

Гребенот на планината Голгота. Влезот во катедралата Серфаим Саровски и пештерата на искушението // Манастирот Спаски Костомаровски е лоциран во близина на селото Костомарово.

Гребенот на планината Голгота. Катедралата Спаски и нејзиниот врв // Мистеријата за овие пештери останува неразрешена. Се уште не се пронајдени било какви документирани докази.

Катедралата Спаски // Планината Голгота и нејзиното окружување личат на Палестина. Оваа сличност е поткрепена и со топонимите: Голгота, градината Гетсеманија, Јордан...

Катедралата е сместена во пештерата која се наоѓа под врвот на храмот // Комплексот се состои од две пештерски катедрали и пет пештери за манастирските жители. Се наоѓа на 200 километри од Воронеж, овој манастир обезбедува одлични услови за туристите.

Мистични пештерски манастири во РусијаМистични пештерски манастири во РусијаМистични пештерски манастири во РусијаМистични пештерски манастири во РусијаМистични пештерски манастири во РусијаМистични пештерски манастири во РусијаМистични пештерски манастири во РусијаМистични пештерски манастири во РусијаМистични пештерски манастири во РусијаМистични пештерски манастири во РусијаМистични пештерски манастири во РусијаМистични пештерски манастири во РусијаМистични пештерски манастири во РусијаМистични пештерски манастири во Русија

ruskarec.mk

Коментари

Коментари

Реклама