31.10 / Пет
01.11 / Саб
02.11 / Нед
-1°03.11 / Пон
04.11 / Вто
10° 05.11 / Сре
15° 15°06.11 / Чет

На 18 и 19 Мај во Охрид спортска сала „Билјанини Извори“ќе се одржи Балканско Првенство во Џудо за Кадети и Јуниори во машка и женска конкуренција.

Првенството е во организација на Џудо федерацијата на Македонија а учество ќе земат и Р.Албанија, Грција, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Црна Гора, Турција.

Секоја Држава учесничка  ќе може да учествува со по 2 натпреварувачи во секоја тежинска категорија.

Предвидено е на 18 мај да се натпреваруваат кадетите а додека на 19 мај јуниорите.

Од Џудо Клубот СЕИШИН - Прилеп како дел од составот на Државните репрезентации учество ќе земат вкупно 4 натпреварувачи:

Кадети:

Мартин Тодорчески 

Александар Апостолоски 

Јуниори:

Валерија Јаковлеска 

Владимир Талески 

Двете национални селекции се веќе на припреми кои ќе траат се до одржувањето на Балканското Првенство.